fbpx
D Aligners – Трансформирајте ја Вашата насмевка со невидливи алајнери

Дознајте повеќе за светскиот тренд на исправување на забите со невидливите фолии DAligners

 

Што е DAligners?

Тоа е техника на ортодонтски  третман со примена на високо естетски, пријатни за носење, транспарентни и ефикасни фолии, без употреба на фиксни протези.

Сетот на фолии се користи за исправување на заби и овозможува да само со две посети на стоматолог се добие решение за вашиот проблем. Во првата посета се прават низа фотографии, Ртг снимка и интраорален скен додека во втората веќе го добивате целиот сет кој е наменет индивидуално за Вас. Тој се состои од сет на фолии кои се менуваат на 12 – 14 дена. Со континуирано носење на фолиите околу 20 часа дневно се врши притисок на забите кој доверува до поместување на забите и на тој начин доближување на чекор повеќе до посакуваниот резултат. Бројот на фолии зависи од тежината на проблемот кој го имате и од бројот на забите кои сакаме да ги третираме.

Желбата за постигнување на убава  и здрава насмевка како и правилна поставеност на забите е во пораст и тренд особено кај повозрасната популација која не сака да користи фиксни ортодонтски апарати за да го постигне тоа. DAligners се вистинскиот избор за ефикасен третман кај овие пациенти.

  1. Која е разликата помеѓу третманот со фиксни протези и третманот со D Aligners?
  • Фиксните протези без разлика од каков материјал се направени, естетски или метални, се лепат за забите и во текот на целиот третман остануваат залепни со што се отежнува одржувањето на оралната хигиена и најчесто задаваат проблеми со појава на рани и болки во устата и бараат редовни посети кај ортодонтот на месечно ниво.
  • Третманот со DAligners системот на транспарентни фолии е многу попријатен ,полесен за носење и трае многу пократко  . Секоја од низата на пре – дизајнирани фолии може да се извади од устата со што се овозможува слободно јадење како и одржување на перфектна орална хигиена
  1. Кои се предностите на третманот со DAligners?
  • целосно транспарентни и удобни
  • времетраењето на третманот со DAligners значително пократок од третманот со фиксни протези
  • Бројот на посети во стоматолошката ординација се пократки и многу поретки
  • Движењето на забите е претходно дигитално дизајниран и успехот на третманот веќе е познат на пациентот
  • Цената на третманот е значително поприфатлива во споредба со минатите години
  • Загарантирана ефикасност поради дигитално предвидени резултати
  1. Како се одвива целиот процес на третманот со DAligners во Дентал Арт?

При првата посета со цел да се добијаат доволно податоци за прецизна анализа се прават фотографии , Ртг снимка од забите и интраорален скен на забите кој го заменува стариот класичен начин на земање на отпечатоци и овозможува значително поголем комфорт на пациентот и максимална прецизност на моментална состојба. Благодарение на целосната дигитализација на гореспоменатите податоци  истите се обработуваат со софтвер од страна на ортодонт и се предвидуваат сите движења на забите до постигнување на бараниот резултат.

Веќе при втората посета на пациентот му се покажува финалниот резултат од дигиталниот дизајн на движењето на забите и насмевката и се соопштува колку време ќе трае третманот и колку последователни фолии пациентот ќе носи. Третата посета е и највозбудливата кога на поедини заби се прават копчиња од целосно транспарентна пломба и се поставуваат фолиите а пациентот добива инструкции за понатамошните посети.

За подетални информации во однос на третманот до денталните алајнери слободно контактирајте не и закажете преглед кај еден од нашите доктори.