- Што претставува ендодонтскиот третман ?
Ендодонтски третман е процедура за третирање на коренските канали на забот каде најчесто поради ненавремено санирање на кариозна лезија или трауматски повреди на забот доаѓа до инфекција на ткивото во внатрешноста на коренските канали.
- Кои се знаците кои укажуваат на потребата од ендодонтски третман?- Сензитивност на ладно или топло
– Болка при џвакање
– Оток
– Промена на бојата на забот
– Постојана болка ,која може да се шири према лицето , увото , спротивната вилица или кон другите заби
Понекогаш и при отсуство на болка, може да постои инфекција на коренските канали што го утврдуваме преку рутински Ртг снимки и клинички тестови. Во тој случај Ви укажуваме на потребата од ендодонтски третман.
- Дали третманот на коренските канали на забот е болна и непријатна процедура?
Многу пациенти имаат непријатни искуства со ендодонтскиот третман и врз основа на тие искуства побрзо би го извадиле забот отколку да го сочуваат . Со модерната технологија, третманот е безболен и непријатноста поврзана со ендодонтскиот третман е минимизирана , што ги охрабрува пациентите сепак да се одлучат за ендодонтски третман и да го зачуваат забот во устата.
- Колку посети се потребни за третман на коренските канали ?
Вообичаено ,по некои стандарди, третманот на коренските канали се завршува во три посети. Но, сепак се работи за биолошко ткиво, кое што различно може да реагира кај различни пациенти. Кај некои случаи би можело да има потреба од дополнителни посети. Ние сме горди пшто располагаме со целокупна и најсовремена опрема со која можеме да извршиме комплетен машински коренски третман дури и само во една посета . Ова е оправдано да се направи во определени внимателно избрани случаеви.
- Што е машинска ендодонција?
Овај начин на обработка на коренските канали е побрз, попрецизен, потемелен и подетален метод на обработката на каналите. Се изведува со специјални апарати кои се водени и контролирани од стоматологот. Тие апарати користат многу еластични а воедно и многу моќни алатки за третман на каналите кои овозможуваат да се стигне до одредени делови на каналите до кои со рачна обработка е многу тешко или невозможно да се пристапи. Во овај метод, со поголема сигурност се отстрануваат поголеми маси од инфицираното ткиво на каналот и е поголема контролата на инфектот кој бил причинител на првичниот пропблем. Докторите во Дентал Арт користат лупи за сголемување на работното поле како би имале поголема прегледност и прецизниост на тоа што го работат. Исто така во оваа метода се користат многу интензивни сретства кои по хемиски пат допринесуваат да се уништи причинителот и да се стерилизираат каналите. Со цел да се заштити пациентот сите несакани моменти во текот на терапијата, користиме Кофердам систем со кој не се дозволува никаков механички или хемисли елемент да биде во допир со живите ткива на пациентот.
- Како ќе знам дали забот е соодветно излечен?
Во текот на процедурата и по завршување на секој чекор од постапката се прават Ртг снимки на кои се проверува и потврдува постигнатиот резултат. Ртг снимката е најбрзиот и најверодостојниот метод за да се изврши проверката на успехот.
- Лекување на забот со машинска еднодонција или вадењето на тој заб?
Сочувување на вашиот природен заб, во услови кога тоа е можно е најдобрата опција, бидејќи ништо не може комлетно да го замени истиот. Вашите заби се поцврсти и функционираат поприродно. Со задржување на вашите природни заби се зачувува природната структура на устата и вилицата, што влијае и на нормалната функција на џвакање и говорот. Една од придобивките на вашите природни заби е и зачувување на естетиката, изгледот на лицето и природната насмевка.И покрај тоа што во моментот изгледа дека третманот на коренските канали е долга процедура, на подолг рок е финансиски поисплатлива и помалку инвазивна во однос на вадењето на забот. Доколку се извади забот , за да се одржи нормалната естетика и функција, празниот простор треба да се надополни со некоја протетска изработка или имплант.
- Како најдобро да се заштити ендодонтски третиран заб понатаму?
Покрај добар ендодонтски третман, за долгорочна добра прогноза на истиот и понатамошен успех, многу е битна и соодветната реставрација. Кога кај забот е изгубен голем дел од забната структура, тој ја губи цврстината. Има два начини за надополнување на изгубената забна структура по ендодонтскиот третман, со пломба или коронка. Генерално, кај поголема загуба на забната структура коронката се смета за подобра опција, бидејќи е поцврста и повеќе трае од голема пломба.
- Зошто најчесто се советува да се стави коренска надоградба на лечените канали?
Многу често при чистење на кариозната лезија кај ендодонтски третиран заб се губи големо количество од забна супстанца, во такви случаеви потребно е да се постави коренска надоградба. Во веќе исчистените и наполнети канали се поставува фибер-глас колче. Неговата функцијата е да обезбеди цврстина на ендодонтски третираниот заб, односно да служи како столб на истиот и да даде сигурност дека преостаната коронарна структура цврсто е поврзана со коренскиот дел. Најчесто на ваквите заби се поставува коронка.
- Што е тоа ласерско стерилизирање на коренските канали?
Тоа е дополнителна алатка во целата оваа процедура на лечење на каналите. Имено доколку процедурата ја разбереме како процедура на 5 чекори: отстранување на инфицираното ткиво, механичко чистење на каналите, хемиско испирање и медикаметозно третирање , ласерската стерилизација доаѓа како круна на крајот која со помош на ласерскиот сноп внатре во каналот прави целосно достерилизирање и трајно запечатување на сите мали канали на коренот на забот кои понатаму би можеле да ствараат проблем. Со нивното трајно запечување степенот на идни компликации од тој заб сме го намалиле за 50%.
Предностите кои ги дава современата машинска ендодонција допринесуваат за што поголем број на заби бидат излечени и да останат во употреба уште долги години во устата на пациентот, наспроти опцијата да бидат извадени. Удобниот и нетрауматски третман дозволува пациентот многу полесно да го поднесе третманот и резултатите да бидат многу позагарантирани и долготрајни.
Денес многу често на рутински направени Ртг панорамски снимки на кои се гледаат сите заби во устата да забележиме недобро излечени коренски канали кои во минатото биле третирани по класичниот метод – рачна обработка на канали. Со оглед на тоа дека тогаш достапни биле материјали за рачна обработка на канали кои немале таква еластичност и свитливот – добар дел од каналите останале необработени и нетретирани. Благодарение на предностите на машинска обработка сега тие правиме ре – третман (односно повторно третирање) на овие канали доколку е можно.
Доколку сметате дека Ви е потребен ендодонтски третман или ре – третман, слободно контактирајте не и закажете преглед каде конкретно ќе ви биде направена ртг снимка и објаснет целиот процес.