Пломби
Ако се сомневате дека имате кариес, или Ви имаме дијагностицирано, треба да се третира. Кариесите можат да предизвикаат посериозни проблеми ако не се отстранети правилно и рано. Пломбата спречува кариесот да порасне и да се рашири во устата, да стане уште поголем проблем. Губењето на заби е најчеста последица на појавата на кариес. Нашата стоматолошка ординација користи најсофистицирани и најсовремени нано – композитни пломби со кои се добива максимално функционално и естетско решение. Денес, пломбите не служат само како алатка за корекции на кариес или замена на стари пломби. Тие се користат за поправка на ортодонтски аномалии, корекција на скршени или напукнати заби, за затворање на простори како diastema mediana и реобликување на хипопластични (мали) заби. Работиме со минимално инвазивни методи, нудејќи најбезболни третмани.
Конечно, најдобрата пломба е да нема пломба. Превенцијата е најдобриот лек. Можете значително да го намалите ризикот од кариес и други заболувања на забите, едноставно применувајќи ги следниве чекори:
– Четкање на забите два пати дневно со флуоридна паста за заби;
– Секојдневно чистење со забен конец;
– Избалансирана исхрана;
– Редовна посета на Вашиот стоматолог
Ендодонтски третман
Тоа е третман кој се применува кога треба да се репарира заб кој е инфициран и многу кариозен со што е зафатен нервот на забот. Во тек на ендодонтскиот тртман нервот целосно се отстранува се чистат каналите и се аплицираат полнења кои треба да го излекуваат забот. Без ваквиот третман инфекцијата би се проширила и постои голема веројатност да се појави абцес.
„Коренски канали“ е термин кој се користи за да се опише природниот простор во средината на корените. Пулпа или пулпина комора е простор сместен во центарот на забот. Забниот нерв лежи во внатрешноста на коренскиот канал. Овој третман бара една или повеќе посети во ординација.