Доколку Ви е дијагностицирано пародонтолошко заболување, не сте единствени. Во моментов, над 50% од светската популација пати од некоја од формите на заболувањето. Пародонталните заболувања варираат од едноставни воспаленија на непцата/ гингивата, до сериозна болест која резултира во големо оштетување и загуба на непцето и коската кои го држат забот.
Фактори за ризик
- Дијабетес. Луѓето со дијабетес се во високо ризичната група за развој на инфекции, вклучувајќи ги и заболувањата на непцата.
- Пушење. Потребна Ви е уште една причина за да престанете да пушите? Пушењето е еден од најзначајните ризик фактори за развој на болести на непца. Дополнително, пушењето ги намалува шансите за успешен третман.
- Лоша и неправилна орална хигиена. Забниот плак ги содржи бактериите кои се број еден причинител на пародонталната болест. Неговото неправилно отстранување (лоша орална хигиена) го зголемува ризикот од заболување и ги влошува симптомите.
- Хормонални промени кај девојки/ жени. Овие промени може да придонесат за чувствителност кај непцата и да придонесат за полесен развој на гингивит.
- Лекови. Има стотици лекови кои го редуцираат протокот на плунка, која ја заштитува устата. Без доволно плунка, устата е ранлива и подложна на инфекции. Дури некои лекови можат да предизвикаат прекумерен раст на меко ткиво, што го отежнува одржувањето на орална хигиена.
- Генетски предиспозиции. Некои луѓе се повеќе подложни на сериозни заболувања на непцата од други.
Како да знам дека имам заболување на непцата / гингивите?
Симптомите вклучуваат:
- Лош здив кој не поминува
- Црвени или потечени непца
- Чувствителни непца или непца кои крварат
- Болно џвакање
- Расклатени заби
- Чувствителни заби
- Непца кои се повлекуваат или заби кои навидум се подолги
Добра вест: Пародонталното заболување може да биде успешно третирано кога е навремено дијагностицирано
Во нашата клиника ви нудиме конзервативен и хируршки третман за ова заболување преку изготвување на индивидуална пародонтална програма и константен мониторинг на резултатите од терапијата.
Конзервативни третмани:
- Дијагностика, план на третман и индивидуална пародонтална програма
- Професионално рачно и механичко отстранување на забен камен и плак на забите и коренските површини
- Ласерска регенерација на меко ткиво
- Апликација на витамини и медикаменти преку електрофореза
- Континуиран мониторинг на резултатите од терапијата.
Хируршки третмани:
- Гингивектомија
- Хируршка обработка на пародонтални џебови
- Надополнување на коскените дефекти со различни типови на графтови
- Продолжување на клиничка коронка
- Решавање на рецесии