Мекоткивна и коскена претпротетска хирургија
Веднаш после вадење на забите започнуваат промени на коската во смисол на нејзина ресорпција и ремоделирање како и промени на меките ткива во усната шуплина. За потребите на протетско решавање на тоталните или парцијално безаби вилици, често е потребно хируршки да се прилагодат коскените и меките ткива во усната празнина.
Најчесто хируршки се решаваат коскените нерамнини настанати како резултат при вадење на забите, коскени израстоци, мекоткивни плики и френулуми кои ја дестабилизираат протезата и го отежнуваат нејзиното носење, како и дупликатури на слузокожата кои настануваат како резултат од носење на несоодветни протетски надоместоци.