Хируршка обработка на пародонтални џебови
Хируршкиот третман на пародонтопатијата е наредна фаза во лечењето и секогаш мора да му претходат правилна и стручна проценка на состојбата како и правилно изведена базична (конзервативна и ласерска) терапија. Хируршкиот третман се применува само на оние заби кај кои и покрај квалитетно изведената конзервативна терапија и понатаму се присутни резистентни длабоки пародонтални џебови кои крварат.
Всушност целта на хируршката терапија на пародонтопатијата е под целосна визуелна контрола да се отстранат пародонтални џебови кои не можеле да се елиминираат со претходно спроведената базична, ласерска терапија и електрофореза.
Самата хируршка процедура се изведува под локална анестезија и е безболна. Потоа се пристапува кон детално чистење (киретира) џебот, со цел, изгубеното ткиво да се надомести со некои од големиот избор на регенеративни материјали. Целта е да се возобнови функцијата и анатомијата на изгубените ткива.
Постоперативниот период најчесто се одвива без појава на некакви позначајни болки и оток. Најважно е да се напомене дека во постоперативниот период задолжително е пациентот да се придржува на упатствата од хирургот за одржување орална хигиена.