Доктор по стоматологија со 14 годишно работно искуство во областа на општата стоматологија, применувајќи ги најсовремените методи е веќе етаблирана како врвен професионалец.
Својата екпертиза во областа на ендодонцијата ја добива на голем број меѓународни обуки како што се ендодотски техники користејќи Protaper System, ендодонтски третмани под магнификација со дентален оперативен микроскоп, како и бројни обуки во областа на естетската стоматологија од кои ќе ги издвоиме, примена на крвна плазма и колаген во естетската стоматологија и директна композитна реставрација на естетските зони, но и обуки во делот на парадонтална регенеративна хирургија.
Покрај курсевите од областа на ендодонцијата и естетската стоматологија, во 2022 д-р Тања успешно го завршува и курсот за дентални венири, што и овозможува да понуди напредни козметички стоматолошки решенија со стручност и прецизност.
Познавањето на 3 светски јазици (Англиски, Германски и Грчки) и нејзината етика во односот со пациентите, ни дава целосно право клиентите на Дентал Арт да ги препуштиме на овој врвен и докажан професионалец.