fbpx
PRP (PLATELET RICH PLASMA) ТРЕТМАН НА ЛИЦЕ

Што е PRP treatment?

PRP третман на лице претставува метода при која се употребува дел од вашата крв со цел освежување, подмладување на целото лице и измазнување на природните бори на лицето. Поточно, со посебна техника на центрифугирање на крвта , се одвојува плазмата, течниот дел од крвта низ кој циркулираат крвните елементи , која е богата со тромбоцити.

Плазмата богата со тромбоцити ( PRP ) е плазма која што содржи повеќе тромбоцити од нормалното . Се состои од две компоненти , плазма – течниот дел од крвта и тромбоцити – крвни елементи кои покрај функцијата за коагулација ( згрутчување на крвта ) , исто така содржат и фактори на раст кои стимулираат клеточна репродукција и стимулираат ткивна регенерација, односно го потпомагаат процесот на заздравување.

Плазмата аплицирана на лицето, поттикнува клеточна пролиферација, која води до зголемена продукција на еластин и колаген, како резултат на што кожата изгледа по цврста и помазна.

Опис на третман

Третманот започнува со тоа што со стадардна процедура се вадат 8мл. крв, која притоа се става во посебна епрувета и се центрифугира. Со постапката на центрифугирање од крвта  се изолира плазмата со тромбоцитите кои содржат фактори на раст, кои што стимулираат клеточен раст и помагаат на процесот на регенерација и репарација. Плазмата добиена на овој начин содржи 5-7 пати повеќе тромбоцити од нормалната крв.

Пред самиот  почетокот на третманот се нанесува локален анестетик во вид на крема за да се обезболат местата на убод и да се направи самата процедура попријатна за пациентот.

PRP се аплицира со инјектирање насекаде на лицето каде што има потреба за да се овозможи плазмата богата со тромбоцити да продре и подлабоко во кожата, при што се користат игли кои се тенки и кратки . Со направената микротраума  дополнително се поттикнува физиолошкиот процес на зараснување. Факторите на растот  при моментот на вбризгување ги стимулираат матичните клетки  кои исто така поттикнуваат создавање на колаген и еластин  во кожата.

Зависно од ефектот кој сакаме да се постигне PRP се вбризгува во поплитките или подлабоките слоеви  на кожата.
Целата процедура трае околу половина до еден час, што зависи од тоа кои делови од лицето се третираат.

По завршувањето на процедурата може да се појави минимална осетливост, црвенило или мали модринки кои се повлекуваат брзо.

Подготовка пред PRP treatment. На што треба да се внимава ?

Неколку дена пред третманот се препорачува да се обрне внимание на исхраната,со цел да се добие поквалитетна плазма , односно:

–  да се конзумира повеќе зеленчук и овошје

– да се избегнува храна богата со масти

– да се пијат повеќе течности

– да се избегнува конзумирање на алокохол

 

Предности на PRP treatment :

Главни предности на PRP третманот  се :

– Го менуваат изгледот на вашето лице во позитивна смисла,односно, ја подобрува текстурата, волуменот, тенот на кожата , намалува појава на природни бори на лицето

– Не постои ризик од алергиски реакции, заради тоа што плазмата доаѓа од вашето сопстевно тело

– Болката и непријатното чувство се минимални

– Процедурата е кратка


Дали има несакани ефекти
од PRP treatment ?

Самиот факт дека се користи сопствена крв , нема ризик од алергиски реакции.

Можно е да се појави минимален оток на делот каде што е аплицирано ПРП веднаш по апликацијата, кој што се губи за кратко , за неколку дена.

Црвенилото е нормална , моментална реакција на активираните тромбоцити во кожата и исчезнува за неколку дена. Исто така, модринките кои можат да се појават на некои места исчезнуваат за неколку дена.

Нема болка, може да има блага нелагодност по завршувањето на самата интервенција , која кратко трае.

Колку третмани се потребни? 

Бројот на ПРП третмани кои се потребни зависи пред се од тоа што сакаме да постигнеме, кои се нашите цели и вашите очекувања  од целиот третман. Најчесто се потребни 3 или повеќе третмани на интервали од 4-6 недели , со што може да очекувате дека резултатите ќе траат до две години.

 Дали резултатите од ПРП веднаш се забележуваат ?

Со оглед на тоа што се користат природните заштитни механизми на сопственото тело , за да има видливи резултати од ПРП третманите потребно е да помине време. За да се продуцира колаген е потребно околу 3 месеци , меѓутоа првата работа која што се забележува кратко по првиот третман е подобрување на еластицитетот и текстурата на кожата, што со текот на времето уште повеќе се потенцира со секој нареден третман.

Фактори кои што ја намалуваат ефикасноста на третманите се пушење, прекумерна конзумација на алкохол , стрес и општа лоша здравствена состојба.

Дали може и дали е безбедно PRP treatment да се комбинира со други ?

За побрзи, подобри и подолготрајни резултати многу често ПРП третманите се комбинират со хијалуронски филери, ботокс или колаген.

Хијалуронските филери  овозможуваат враќање на волуменот на кожата во деловите каде што тој е изгубен со годините. Од друга страна плазмата богата со тромбоцити  помага во одржување на тие резултати со тоа што ги активира природните регенеративни процеси. ПРП ги третира проблемите со кожата кои што филерот сам по себе не може да ги корегира, како што се фини линии, акни или нееднаква текстура на кожата. Овие два третмани сами по себе даваат добри резултати, но во комбинација еден со друг даваат уште подолготрајни резултати.
 Кај кои пациенти се препорачува  ?

ПРП третманот може да се примени кај пациенти кои:

-имаат лузни од акни, хиперпигментации

-сакаат да ги редуцираат природните бори на лицето и да го подобрат изгледот на лицето

– имаат сува кожа

– сакаат да го пролонгираат почетокот на природниот процес на стареење на кожата

– сакаат да си ја зголемат самодовербата

ПРП третманот не се препорачува кај пациенти кои:

– имаат крвни заболувања или примаат антикоагулациона терапија

– имаат активна инфекција

– имаат одредени заболувања на кожата

– имаат анемија

– бремени жени

Препораки по третманот

Минимум 5 часа по апликација на ПРП се препорачува да не се мие лицето, да се избегнува експонирање на третираните делови од лицето на директна топлина и да се избегнува активности кои би го зголемиле потењето ( интензивна физичка активност, директна изложеност на сонце, сауна, )

Одржување по третманот – успешност како би се направил третманот по успешен

Со цел да се пролонгираат резултатите од ПРП третманот има неколку работи кои може да се практикуваат дома:

– Секојдневна апликација на крема со заштитен фактор од УВ зраци

– Секојдневна апликација на продукти за нега на кожа кои не ја иритираат кожата

– Пиење вода за да се подобри хидратацијата и на кожата

– Здрава и балансирана исхрана која ги содржи сите макро и микронутитиенти , богата со антиоксиданси и витамини помага во успорување на природниот процес на стареење на кожата.

Со овај детален блог се потрудивме да ги објасниме подетално одредени прашања кои се најчесто поставувани во нашата ординација. За сите подетални информации и закажување за преглед и разговор или апликација на ПРП- Ве очекуваме на некој од нашите телефони 078 254 030 или 02 3239 360.