Бременоста е период кој се карактеризира со сложени физиолошки промени на организамот кои влијаат и на здравјето на устата.
Во исто време, оралното здравје е клучно за целокупното здравје и благосостојба. Затоа е од суштинско значење за стоматолозите а особено за пародонтолозите да им обезбедат на бремените жени соодветна и навремена орална здравствена заштита и орално-здравствено образование кој е специфичен за овај период од животот.
Која е најчеста промена во устата за време на бременост?
За време на бременоста, зголеменото ниво на хормони (естрогени) го променува начинот по кој телото реагира на забните наслаги и бактериите кои се дел од неа, но влијае и на крвоснабдувањето на ткивата во оралната празнина. Овие промени кај околу 50% од жените водат до отекување и крварење на непцата или така наречен гравидарен гингивит.
Што доколку веќе Ви е дијагнастицирана пародонтоза?
Од друга страна, кај бремени пациенти, кои се со веќе дијагностицирана пародонтоза, неопходно е континуитано следење на на пародонталните ткива бидејќи новата физиолошката состојба може да ја продлабочи пародонталната болест кое би довело до уништување на потпорната коска, расклатување на забите и нивна загуба. Најчесто, симптомите на гингивит и пародонтит стануваат воочливи за бремените жени во вториот и третиот семестар.
Што подразбира третманот на овие промени?
Третманот на гингивитот е насочен кон отстранување на забниот биофил и камен од забните површини. Како дополнителен третман, докажано е дека водичките за плакнење се безбедни и ефикасни во намалувањето на инфламацијата кога се комбинираат со соодветна механичка контрола. Кај бремени жени со дијагностицирана пародонтоза, препорачан е конзервативен пародонтален третман кој подразбира подлабоко чистење на пародонталните џебови.
Кога е најдобро време да се почни третманот на овие промени?
Најдобро време за спроведување на третманот на гингивитот и пародонтозата е во текот на вториот триместар или пред зачнувањето, но не се препорачува во текот на првиот триместар. Исто така, правење на ренген снимките или употребата на локална анестезија при дијагноза и третман е целосно безбедно и без дополнителен ризик за мајката или фетусот во вториот триместар.
До што може да доведи запуштенето орално здравје?
Лошата орална хигена, присуството на забен камен и бактериски плак, кариозните заби, како и лошите реставрации се хронични локални иританси кои во состојба на бременост може да предизвикаат гравидарен гранулом или труднички тумор. Оваа состојба се манифестира со црвеникаво, карфиолесто зголемување на непцето, кое лесно крвари. Третманот во бременост најчесто опфаќа остранување на локалните фактори, локална апликација на лекови, а хирушкото отстранување се одложува после породувањето.
Научни студии ја докажуваат поврзаноста помеѓу пародонтални заболувања и несаканите компликации во текот на бременоста. Идните мајки кои страдаат од пародонтоза и се со лоша орална хигена и постојана неконтролирана инфламација, имаат зголемен ризик за расејување на периопатогени бактериите и нивните токсини преку крвта до плацентата на бебето и тоа уште во текот на првиот триместар. Научните докази посочуваат дека бремените жени со лошо здравје на непцата има поголем ризик да страдаат од преекламсија, предвремено породување и раѓање на дете со недоволна тежина.
Затоа есенцијално за идните мајки, но и за нивните неродени деца се редовните посети на стоматолог и грижа за периодонталното здравје, правилно одржување на орална хигена, здрави хигиено диетски навики, со што ќе се исклучат потенцијалните ризици во бременоста и ќе се воспостави целокупно здравје.
Доколку планирате бременост или веќе сте бремени а имате проблеми во здравјето на непцата или меките ткива со усната шуплина или тегоби од истите, Ве очекуваме на консултативен преглед со нашиот доктор, специјалист по пародонтологија кој ќе ви овозможи целосна грижа и ќе ве води низ целиот процес за време на бременоста.