fbpx

Белеење на заби

Белеење на заби

Побели заби, за еден час. Тоа е толку едноставно. Долгогодишното потемнување и пребојување од речиси сè што јадеме, пиеме ќе го нема за еден час. Имено, имаме клинички студии кои докажуваат дека со еден третман добиваме во просек побели заби за 2-5 нијанси!

Дентал Арт им нуди на пациентите безболен професионален третман во топла пријателска средина. Најпрво ќе одговориме на сите Ваши прашања. Ако сте заинтересирани за третманот, стоматологот потоа ќе Ви направи детален преглед за да се осигура дека забите и непцата се здрави за белење во тоа време. Потоа, додека додека Вие се опуштате, се аплицира гелот за избелување.

Третманот  е едноставен и безбеден

Како се одвива целата постапка?
1. Вашите непца и уста се заштитени со изолациони материјали и сликаме „Пред“ фотографија.
2. Гелот за белење професионално се нанесува и се активира од извор на светлина.
3. По три сеанси од 15-20 минутна апликација во период од еден час, Вашиот третман е завршен и следува „По” фотографирањето.
4. НАСМЕВНЕТЕ СЕ

Едноставно нема друг начин да ги избелите забите побрзо, полесно и поефикасно.
Гелот е pH избалансиран и не е штетен  за непцата и не допринесува за појава на несакани ефекти.
Белење на заби е тајната на нашиот успех. револуционерен метод на белеење на заби , кои брзо, безбедно и ефикасно избелува сите заби одеднаш. Резултатите  ја потврдуваат успешноста на третманот, во просек од 2-5 нијанси побели па дури и повеќе. Вашиот успех е загарантиран во Стоматолошката ординација Дентал Арт.

Белење на забите дома

Предноста на системот за белење на забите дома е долготрајните резултати во удобноста на Вашиот дом, без да мора да дојдете во ординација. Подготвуваме специјални калапи, уникатно изработени за да одговараат на Вашите заби, и Ви даваме инструкции како да го нанесете гелот во нив. Ги носите калапите неколку часа во текот на денот или ноќта, зависно од препораките и инструкциите. Фреквентноста и времетраењето на носење на калапите се различни за секој пациент. Контактирајте нé, закажете термин и ќе Ви одговориме на сите Ваши прашања.