Дијагностика, план на третман и индивидуална пародонтална програма
Најголемиот проблем кај пародонталната болест е тоа што е таа незабележливо се провлекува и често ненавремено се открива. Потешкотијата во третирањето на оваа болест потекнува токму од касното диагностицирање.
Терапијата на пародонталната болест е прилично комплексна постапка која е строго индивидуална и специфична за секој пациент. Најважно е пациентот е да биде дијагностициран и да биде определен степенот на засегнатост коишто го определуваат изборот на терапевтски постапки и очекуваниот успех.