Екстракција на импактирани („заглавени“) заби
Импактираните – заглавени умници се последните трајни заби во забниот низ и никнуваат од 18 – 25 година од животот. Многу често поради немање простор за нивно никнување тие остануваат заглавени во коската предизвикувајќи проблеми како: оштетување на соседниот заб, повремени јаки болки и отоци во таа регија. Повеќе за проблемите кои можат да ги предизвикаат овие заби погледнете на следново видео.
Тие се вадат хируршки, а во нашиот хируршки протокол за овие интервенции, пациентите минуваат со минимален постоперативен дискомфорт и брзо враќање на своето нормално функционирање.