Екстракција на заби
Иако трајните заби се многу важни и треба да останат во устата во текот на целиот живот, кај повеќето од нас во одредени ситуации се појавува потреба за екстракција на одредени заби. На секој пациент поединечно ќе му биде одреден пред – екстракционен режим во согласност со неговата здравствена состојба. Веднаш по самото вадење на забот, во нашата ординација ќе добиете препораки за престојниот период на заздравување како и низа предлози за естетско и функционално надоместување на изгубениот заб.