fbpx

Фиксни протези

Класични метални протези


Металните протези (нер’ѓосувачки челик) се најпопуларниот вид протези кои се користат низ земјата. Доколку одберете метални протези за Вашиот третман, Дентал Арт ви обезбедува најкомфорни, ефикасни и технолошки напредни метални протези. Многу пациенти, заради личен израз и забава сакаат да имаат различни бои на нивните протези. Менувањето на боите е многу едноставно, затоа не се двоумете за да ги променувате при секоја посета.


Порцелански протези

Порцеланските протези се помалку видливи од останатите видови протези. Тие не ја променуваат бојата како пластичните или композитните брикети, но ластичињата кои се користат за да се прикачи лакот со протезите се пребојуваат (од пушење, пиење кафе, чај, сос од домати и сл). Во секој случај, секогаш може да нé контактирате и да дојдете да ги замениме ластичињата доколку се пребојат.

Сафирни протези

Доколку сакате правилни заби, но сте загрижени за тоа како ќе изгледате со протези, само помислете – многу познати личности носат естетски протези за да ја подобрат нивната насмевка брзо, без да прават компромис со нивниот препознатлив изглед. Сега можете и Вие! Со задоволство Ви ги претставуваме Inspire ICE™, најквалитетните естетски протези на пазарот. Нивниот патентиран сафирен материјал ги прави Inspire ICE™ единствените проѕирни протези што постојат. Не само што се дискретни, тие се практични невидливи.

Метални самолигирачки протези

Самолигирачките протези нудат доста придобивки за пациентите. Имаат самолигирачка техника користејќи полесни лаци, и брикети со помала фрикција, резултирајќи со побрз третман благодарение на нивниот лизгачки механизам, силна, механичка сврзувачка основа и цврсти ѕидови структурирани за да го контролираат движењето на забот со брзина и ефикасност. Самолигирачките протези се полесни за одржување на оралната хигиена. Ова придонесува кон подобро здравје, среќа и привлечност додека трае третманот на пациентот.

Самолигирачки порцелански протези

Самолигирачките порцелански протези ги имаат истите придобивки како и самолигирачките метални, само што ја имаат предноста на проѕирен порцелан. Овие протези се вклопуваат со Вашите заби и обезбедуваат нежно, удобно и многу издржливо… Дизајнирани се за да ги поместуваат забите брзо, а поретките и побрзите посети се само неколку предности. Тие се мазни, заоблени, што ги прави покомфорни за носење, овозможувајќи полесно чистење.

 

Damon метални и порцелански протези

Damon системот не е само за револуционерните протези и лаци, тој е целосно нов концепт за третман на пациентите. Традиционалниот третман најчесто бара отстранување на здрави заби и употреба на палатинални проширувачи за да се обезбеди простор. Овој пристап е најчесто неудобен, долг и остава потесен лак и рамен профил. Damon насмевките се природни и се постигнуваат со употреба на помали биолошки сили. Сертифицираните  Damon стоматолози комбинираат три клучни компоненти кои кога се користат заедно даваат побрз третман, помалку посети, поголема удобност и трајни висококвалитетни резултати.

Лингвални протези

Лингвалните протези се ортодонтски апарати за исправување на забите, но за разлика од традиционалните протези, лингвалните протези се поставуваат на задната страна на забите, наместо на предната. Токму затоа лингвалните протези ги викаат „невидливи протези“.  Тие се многу рамни, удобни и благодарение на нивната едноставна техника се идеални за пациенти кои сакаат да си ги исправат забите без другите луѓе да знаат.

Aligner систем – DAligners систем

Овој систем се состои од серија обложувачки шаблони – наречени aligners – кои се создадени преку компјутерска симулација за постепено да ги поместуваат Вашите заби. Системот е достапен за возрасни пациенти кои имаат одредени ортодонтски проблеми со загризот. Системот DAligners поставува нови стандарди и ќе Ви помогне кога станува збор за поместување на забите брзо и ефикасно чекор по чекор со слаби сили со помош на флексибилни и речиси невидливи пластични ортодонтски фолии. Во споредба со класичните протези, DAligners го скратува и значително поедноставува потребното време за третманот. Ваквите ортодонтски фолии се потранспарентни, полесни, целосно безболни и можете да ги извадите во секое време. Комфортот што го чувствувате при нивното носење и највисоката естетика во комбинација со целосната транспарентност на фолиите ќе Ви ги донесе првите видливи резултати за само петнаесетина денови.

Доколку сакате да ги видите сите типови на фиксни протези со коишто располагаме во нашата поликлиника кликнете тука.

 

Мини импланти

Мини импланти (со дијаметар 1,2-2,0 мм) се мали штрафчиња кои се вметнуваат (зашрафуваат) во коската на вилицата преку непцата за да го контролира движењето на забите за време на ортодонтскиот третман. Мини-имплантите се направени од легура на титаниум и затоа се биокомпатибилни со ткивото. Тие се многу едноставни да се постават во устата, а многу корисни за ортодонтот. Со нивната употреба во текот на ортодонтскиот третман се намалува оптеретувањето на забите и се постигнуваат поголеми и посигурни резултати.Нивното поставување се изведува со локален анестетик, без никаква болка. Доколку сакате да ја погледнете процедурата за поставување на микроимпланти – кликнете тука.

Доколку сакате да дознаете повеќе за микроимплантите во текот на ортодонскиот третман прочитајте го нашиот блог.