Френулектомија (отстранување на ресичка)
Френулектомија е едноставно отстранување на френулумите (ресичките) во устата.
Френулумот претставува мускулно прикачување помеѓу две ткива. Постојат два френулума во устата, кои понекогаш може да ја попречуваат нормалната функција и кај нив се препорачува оваа интервенција. Овие френулуми се нарекуваат: јазичен френулум, кој го поврзува јазикот со подот на усната празнина и лабијален френулум, кој ги поврзува внатрешноста на усната со непцето веднаш над двата предни заба.
Силно изразениот максиларен лабијален френулум (ресичката на горната усна) може да предизвика голем простор помеѓу горните два предни заба, односно дијастема.
Ласерска френулектомија е хируршка интервенција, која со помош на ласерот се изведува многу брзо и со минимална анестезија. Интервенцијата со ласер трае неколку минути, не се шие и нема конци, а пациентите немаат никаква болка ниту оток потоа, така што уште веднаш по интервенцијата се враќаат на нормалните активности и обврски.
Доколку сакате да дознаете повеке за предностите на употребата на ласерот кликнете тука.
Доколку сакате да го погледнете видеото за текот на интервенцијата кликнете тука.