fbpx

Коронки

Коронки се идеалниот начин за обнова на заби кои се скршилe, се оштетиле од кариес или oд преголема пломба.
Коронката се поставува на остатокот од забот, правејќи го цврст и давајќи му ја формата и контурата на природен заб.
Коронките се изработуваат од разни материјали:
– Керамика во комбинација со метал
– Керамика во комбинација со титаниум
– Коронки изработени само од керамика
– CAD CAM коронки (од керамика – цирконија)

Зошто се потребни коронките ?

– Да заштитат ослабен заб (на пример, од кариес) од повторно напукнување или да ги држат заедно остатоците од скршен заб;
– Да обноват веќе скршен заб или заб што е сериозно иззабен (истрошен);
– Да покријат и зацврстат заб со голема пломба, кога нема останато многу од природниот заб;
– Да го држат забниот мост на место;
– Да покријат деформирани или заби што ја смениле бојата;
– Да покријат забен имплант;
– Да направат естетска модификација.