fbpx

Мостови

Забен мост е вештачки заб сместен меѓу две порцелански коронки што заменува заб кој недостига. Секој мост е уникатно изработен за да се вметне во просторот. Ако просторот каде што фали заб остане непополнет, околните заби можат да се изместат од положбата. Понатаму, просторите каде што недостигаат заби можат да ги направат останатите заби и непцата подложни на кариес и заболувања на гингивата. Мостовите се цементираат на природните заби или на импланти. Овие заби, наречени носачи, служат како поткрепа за мостот. Заменскиот заб т.н. член на мостот, е поврзан со коронките поставени на забите носачи.

Исто како со коронките, изборот на материјал за мостови е голем:
– керамика во комбинација со метал;
– керамика во комбинација со титаниум;
– Мост изработен само од керамика;
– CAD CAM коронки (од керамика – цирконија).

Цирконијата е иновативен систем за естетски безметални коронки и мостови. Издржливоста на циркониумските конструкции е докажана со долгогодишен клинички успех. Ваквиот систем се користи за изработка на предни или задни поединечни или повеќечлени мостови конструкции од транспарентна, биокомпатибилна цирконија – најсилната и најцврстата забна керамика.