fbpx

Професионално рачно и механичко отстранување на забен камен и плак на забите и коренските површини

Професионално рачно и механичко отстранување на забен камен и плак на забите и коренските површини

 

Поблагата форма, како што е воспалението на непцата – гингивит, може целосно да биде елиминирано со конзервативен третман кој вклучува чистење на наслаги и забен камен.

Конзервативниот третман вклучува и едукација и континуирана мотивација на пациентите за правилно четкање и користење на дополнителни средства во домашни услови како интердентални четки, забен конец и водички за испирање. Кај благата и умерената форма на пародонтопатијата особено значење има изработката на индивидулен план на третирање, следење и превенција на пародонталната болест.

 

Доколку сакате да погледнете видео за постапката на чистење на наслаги и забен камен кликнете тука.