fbpx

Орална хиругија и имплантологија

Оралната хирургија е уште една од водечките специјалистички услуги во нашата поликлиника. Истата е спроведена од страна на доктор, специјалист по орална хирургија и имплантологија во специјално опремена хируршка сала според највисоките светски стандарди.

Орално хируршките интервенции  се одвиваат според специјални протоколи и еден од приoритетите во работењето ни е строгоста во почитувањето на протоколите за стерилизација, поради што сме горди на отсуството на постоперативни проблеми и инфекции!

 

Најчести орално-хируршки интервенции се:

 

Најголем дел од орално-хируршките интервенции ги вршиме ласерски, што овозможува моментално уништување на сите бактерии во работното поле, заздравување без оток или со минимален оток и без болка. Зараснувањето оди многу полесно и поедноставно за што сведочат нашите пациенти.

Кои се предностите на ласерскиот третман?

– Нема болка или минимална потреба од анестезија. Повеќето интервенции со ласер се изведуваат со лесен допир на инструментот или воопшто без допир- туку само со ласерска светлина.
– Стерилност – самиот ласерски зрак го стерилизира ткивото врз кое работиме, ги уништува бактериите, а со тоа ни помага да ја отстраниме основната причина за пародонтопатијата (инфекцијата).
– Побрзо заздравување на ткивото – Ласерската светлина ги стимулира метаболните процеси во заболеното ткиво и овозможува побрзо зараснување во однос на конвенционалните методи за третман. Отсуството на бактерии во работното поле исто така придонесува за побрзо, непречено заздравување на ткивото.
– Без крварење – Ласерот ни овозможува паралелно со работата да вршиме и коагулација и крварењето да се сведе на минимум или воопшто да го нема.
– Нема конци – Повеќето интервенции кои со стандардна терапија имаат потреба од шиење, при работа со ласер нема потреба од конци и шиење.

 

Хируршкиот ласер е важен дел од модерната стоматологија, со кој Вие добивате безболен и брз третман, без крварење, со минимални анестетици, и без шиење и антибиотици.