Што е ортодонција?
Ортодонцијата е гранка од стоматологијата која е специјализирана за третирање на пациенти со неправилно позиционирани заби што резултира со неправилен загриз. Ортодонцијата, исто така, вклучува и третирање и контролирање на разни апекти од фацијалниот раст (дентофацијална ортопедија ) и формата и развојот на вилицата. Терминот ортодонција произглегува од грчкиот збор orthos што во превод значи „право, перфектно или соодветно“ , и dontos, што во превод значи „заби“. Ортодонцијата исто така вклучува и естетска стоматологија, кога целта на пациентот е да го подобри неговиот изглед.
Ортодонтите користат низа на медицински, стоматолошки апарати, вклучувајќи мобилни протези, фиксни протези, трејнери итн. за да се помогне во:
– затворање на широк простор помеѓу забите
– подредување на забите
– исправување на изместените заби
– подобрување на говорот или хранењето (оралната функција )
– подобрување на долгорочното здравје на непцата и забите
– превенција од долгорочно прекумерно трошење или траума на забите
– третирање на неправилен загриз
Кога да се започне со ортодонтски третман?
Иако ортодонтскиот третман е корисен за секого на било која возраст, почнувајќи од 7 па до 70 години, идеална возраст за прв ортодонтски преглед и планирање на можниот третман би била околу 7 години. Со оглед на фактот дека комплексноста и траењето на ортодонтскиот третман се зголемува со возраста на пациентот, раниот третман на ортодонтските малоклузии Ви заштедува пари и време. Не чекајте сите заби за израснат. Можете да имате многу придобивки од раното почнување на ортодонтскиот третман: точната дијагноза на проблемот може да му овозможи на ортодонтот да го искористи растот на детето за стимулација на растот на вилиците за перфектна подреденост и поставеност на трајните заби. Поголем број од пациентите одлучуваат да го започнат третманот во своите тинејџерски години кога се очекуваат најбрзи, но и најбрзи резултати.
Ортодонција за возрасни
Како што се проширува палетата на протези, се поголем број на возрасни тежнеат кон исполнување на својот сон за поседување на идеална насмевка и функција. Ние Ви ги нудиме лингвалните протези како и проѕирниот aligner систем кои можат да ви дадат идеален резултат. Добро подредените заби Ви овозможуваат подобрување на вашиот говор и самото хранење. Перфектната насмевка не само што го подобрува Вашиот изглед туку и го крева Вашето ниво на самодоверба.