fbpx
Спец. по ортодонција

Запознајте ја Спец. Д-р Соња Ристеска Стојаноска, специјалист ортодонт во ПЗУ Дентал Арт.
Дипломирала на стоматолошкиот факултет во Скопје во 2005 година, а во 2009 година се стекнува со звање Специјалист ортодонт.
Др. Соња има обавено стручен престој на клиниката за ортодонција при Universitätsklinikum Frankfurt во Франфурт, Германија во 2009.

Редовно посетува бројни семинари, симпозиуми и светски конгреси каде континуирано се стекнува со светски знаења и разменува искуства од областа на современата ортодонција и стоматологија.

– Damon лиценциран доктор од 2008 година;
– Forestadent сертифициран доктор за лингвална техника од 2012 година;
– eCligner system сертифициран доктор од 2012 година.
– Лиценциран доктор од Vivacy за апликација на хијалуронски филери од 2019 година.

За работата на Спец. Д-р Соња Ристеска Стојаноска сведочат илјадници третирани пациенти кои греат со насмевката.
Бидете и Вие дел од нив и закажете консултации.