fbpx

Д.А. (Сиднеј, Австралија)

Само најдобрите препораки за овие дечки! Многу ми е драго што ми беа препорачани од мој пријател кој имал третман во Дентал Арт Поликлиника кога патувал во Македонија. Беше многу задоволен од нивната работа, квалитет и професиналност со насмевка. Се јавив во клиниката и дискутиравме за мојот третман пред да патувам, имајќи предвид дека времетраењето на патувањето и времето на располагање ми беа од големо значење. Им ги пратив моите снимки и ги консултирав. Од првиот пат кога слетав во Скопје и првата посета ја искусив истата нега и професионалност. Одлично се подготвени, користат најсовремена опрема и квалитетни материјали. Тие се многу вешти и работат одлично како тим, се израдував кога видов дека стоматолози имаат заеднички консултации и дискутираат за најдобрите опции уште пред да започнат со мојот третман. Имав и помали и поголеми зафати кај нив. Поголемиот зафат беше доста комплексна процедура која вклучуваше хируршка операција. Бев многу задоволен што имав стоматолог којшто беше специјалист во своето поле за секој од третманот што го имав. Требаше да патувам таму по препорака дури од Сиднеј, Австралија. Не се каам што требаше да пропатувам толку километри. (За сите интернационални потенцијални пациенти, можете да отседнете во Скопје, има што да се види и да се прави. Направете си „Дентален одмор“ 🙂 ) Среќен сум затоа што се што требаше да направам за забите го направив во нивната клиника во Скопје. Се беше завршено навреме. Задоволен сум со се што сработија и со задоволство ги препорачувам на сите оние на кои им е потребна професионална и квалитетна стоматолошка услуга.