Ви треба итна помош ? Контактирајте не!
+389 2 3239 360
Нашите пациенти кажуваат:
Повеќе од 6 години нашите насмевки ги доверуваме на Др. Соња Ристеска Стојаноска и нејзиниот тим – јас, мојата сопруга и нашите ќерки. Живееме во Норвешка и изминатава година патувавме до Скопје за било што и да ни беше потребно. Др. Соња остана нашиот стоматолог. Зошто го правевме тоа? Заради довербата во др. Соња и нејзиниот тим. Да бидам искрен, болката во забите беше се поголема после секоја посета на стоматолог. Овде не е така, никаква болка, а дури ни финансиски не „болеше“. Девојките ставија фиксни протези. После еден месец носење резултатите беа ФАНТАСТИЧНИ. Ги препорачувам од се срце за што и да ви треба. Мислам дека нема подобра гаранција за квалитетот од задоволен муштерија! Фала ти др. Соња и мислам дека нашиот следен термин ќе биде наскоро. Убаво лето на сите со блескави насмевки!
Х.И. (Норвешка)
Имав прилика да работам со Дентал Арт, др. Соња и го имав најдоброто искуство возможно кое искрено го препорачувам. После 4 години носење фиксни протези во друга стоматолошка ординација, успејаа да најдат совршено решение за мојот случај и го реализираа само за неколку месеци – како што планираа. Случајот беше доста комплициран: бараше дополнителни предни заби и да се направи простор за нив. Бев ислушан, советуван и имав можност да избирам низ целиот процес имајќи го предвид моето здравје, очекувања и финансиски можности. Бев третиран како ВИП личност, а резултатот е извонреден. Срдечно ги препорачувам Дентал Арт и доколку е потребно ќе дадам дополнителни информации во порака.
А.С. (Република Македонија)
Само најдобрите препораки за овие дечки! Многу ми е драго што ми беа препорачани од мој пријател кој имал третман во Дентал Арт Поликлиника кога патувал во Македонија. Беше многу задоволен од нивната работа, квалитет и професиналност со насмевка. Се јавив во клиниката и дискутиравме за мојот третман пред да патувам, имајќи предвид дека времетраењето на патувањето и времето на располагање ми беа од големо значење. Им ги пратив моите снимки и ги консултирав. Од првиот пат кога слетав во Скопје и првата посета ја искусив истата нега и професионалност. Одлично се подготвени, користат најсовремена опрема и квалитетни материјали. Тие се многу вешти и работат одлично како тим, се израдував кога видов дека стоматолози имаат заеднички консултации и дискутираат за најдобрите опции уште пред да започнат со мојот третман. Имав и помали и поголеми зафати кај нив. Поголемиот зафат беше доста комплексна процедура која вклучуваше хируршка операција. Бев многу задоволен што имав стоматолог којшто беше специјалист во своето поле за секој од третманот што го имав. Требаше да патувам таму по препорака дури од Сиднеј, Австралија. Не се каам што требаше да пропатувам толку километри. (За сите интернационални потенцијални пациенти, можете да отседнете во Скопје, има што да се види и да се прави. Направете си „Дентален одмор“ 🙂 ) Среќен сум затоа што се што требаше да направам за забите го направив во нивната клиника во Скопје. Се беше завршено навреме. Задоволен сум со се што сработија и со задоволство ги препорачувам на сите оние на кои им е потребна професионална и квалитетна стоматолошка услуга.
Д.А. (Сиднеј, Австралија)
Позитивна енергија од прави професионалци. ?
М.Н.
Совршено сработена работа за мојата Холивудска насмевка и поправањето на 2 заба на мојот сопруг! Живееме со години во Дубаи и бевме кај неколку стоматолози но искуството во Дентал Арт Поликлиниката во Македонија од др. Соња Ристеска беше извонредно. Клиниката е толку чиста и организирана со најсовремената опрема и материјали. Др. Соња ми беше препорачана од целото семејство. Крајно професионална – од консултациите до крајниот резултат, внимателна за да испорача квалитетна услуга, полна со знаење, многу искусна и секогаш насмеана позитивна личност. Исто така, би сакала да ги спомнам и останатите луѓе во клиниката. Тие се многу пријателски настроени, секогаш од помош и полни со поддршка. Пример за тимска работа! Целосно ја препорачувам др. Соња Ристеска – Поликлиника Дентал Арт Скопје.
Конечно ја имам мојата самоуверена Холивудска насмевка! ?
? За целата ваша работа!
И.В. (Дубаи)
Најпрофесионалниот тим во Скопје. Ги ставив моите протези тука и никогаш немав лошо искуство. Сега сум многу задоволна со мојата насмевка. Др. Соња прави ЧУДА и ги остварува соништата. ??? Продолжете со добрата работа!
Н.Ј.
Убедливо најдобри <3 Најдобриот и најстручниот тим. Благодарение на вас ја имам насмевката што од секогаш сум ја посакувала!!!
А.Д (Скопје)
Ветувам дека ќе ја препорачувам вашата експертиза, професионалност, одлична услуга и целата ваша позитивна енергија на секој познаник којшто го имам!
В.Н. (Република Македонија)
Чиста 5ка сте !!!
Д. С.
Со забите кршам ореви
☆☆☆☆☆ Се шегувам сите ѕвезди сте ги заслужиле.