Вградување на импланти – имплантологија
Денталните импланти се современ и ефикасен начин да се надополнат забите што недостасуваат и се дизајнирани така што ги имитираат вистинските заби. Тие се одлично долгорочно решение за реставрирање на вашата насмевка. Всушност развојот и употребата на имплантите е една од најголемите придобивки во современата стоматологија. Материјалите од кои се изработени имплантите се главно базирани на титаниум и се сосема биокомпатибилни. Имплантите во суштина претставуваат замена за забниот корен и се поставуваат во коската за да бидат темел за идниот заб.
Во нашата поликника работиме исклучиво со швајцарскиот премиум бренд Straumann Implant System и Neodent Implants.
Многу пациенти се увериле дека денталните импланти се сигурни, безболни, долготрајни и најдобра замена за нивните изгубени заби.
Генерално постојат три фази во процесот на имплантирање:
Откако стоматологот ќе направи темелен преглед и детална анализа на случајот и правилно ќе се испланира целата интервенција, првата фаза е хируршко поставување на имплантот. Со следење на едноставни препораки, постоперативниот период е безболен и без видлив оток.
Следната фаза настапува кога имплантот ќе се зацврсти во коската, односно кога ќе настапи таканаречената остеоинтеграција. Она што го прави имплантот толку цврст е коската која расте околу него и го зацврстува на неговото место. Остеоинтеграцијата трае и до неколку месеци и од тие причини фазата на оптоварување на имплантот со протетска конструкција ја изведуваме до крајот на овој процес. Во некои случаи докторот може да одлучи дека е безбедно веднаш да се постави финалната протетска реконструкција врз имплантот.
Крајната фаза е поставување на заб врз имплантот. За секој изгубен заб врз имплантот ќе добиете индивидуално изработена порцеланска коронка, која според формата, бојата, големината и функцијата ќе соодветствува на природниот заб кој недостасува. Изработката на финалната протетска реконструкција може да потрае 7-10 дена и за тоа време ќе се изработи привремена коронка/ мост/ протеза со цел да имате достојна естетика и функција.
Хроничните болести, како дијабетес, леукемија можат да го попречат успешното зараснување на имплантот во коската. Пушачите, исто така не се добри кандидати за импланти. Употребата на тутун го успорува зараснувањето на коската околу имплантот.
Доколку сакате да ја погледете постапката на вградување на имплант кликнете тука.