
Добродојдовте во Дентал Арт
Дентал арт е современа стоматолошка поликлиника сместена во центарот на Скопје, во која можете да добиете целосен третман во удобна и релаксирачка средина. Основана од спец.др. Соња Ристеска Стојаноска во 2006, оваа клиника е опремена со најнови материјали и техничка опрема со цел да обезбедиме квалитетна нега за нашите пациенти, без дополнително чекање.
Дентал арт нуди и високо квалитетни третмани во своите специјалности ортодонција и орална хирургија со имплантологија како и од општа и естетска стоматологија , пародонтологија и лицева естетика
Нашиот тим е посветен на оралното здравје на Вашето цело семејство, нудејќи топла и пријатна средина за деца и возрасни. Се трудиме да ги направиме Вашите посети удобни, а Вашите третмани да бидат завршени брзо и ефикасно.
Нашиот тим ќе помогне секој пациент да добие врвно дентално здравје и прекрасна насмевка.
Ние се грижиме за Вашето здравје и здравјето на Вашето семејство.
Што ви нудиме

Доколку Ви е дијагностицирано пародонтолошко заболување, не сте единствени. Во моментов, над 50% од светската популација пати од некоја од формите на заболувањето. Пародонталните заболувања варираат од едноставни воспаленија на непцата/ гингивата, до сериозна болест која резултира во големо оштетување и загуба на непцето и коската кои го држат забот. Фактори за ризик Дијабетес. Луѓето со дијабетес се во високо…

Пломби Ако се сомневате дека имате кариес, или Ви имаме дијагностицирано, треба да се третира. Кариесите можат да предизвикаат посериозни проблеми ако не се отстранети правилно и рано. Пломбата спречува кариесот да порасне и да се рашири во устата, да стане уште поголем проблем. Губењето на заби е најчеста последица на појавата на кариес. Нашата стоматолошка ординација користи најсофистицирани и…

Превенција во рана возраст (детство) Залевачи Залевањето на фисури е безбедна и безболна метода која ги штити забите на Вашите деца од кариес. Залевачот претставува пластичен заштитен слој кој се аплицира на гризните површини на трајните заби. Тој оневозможува храната и бактериите да дојдат до најмалите вдлабнатини на забот и да предизвикаат создавање на кариес. Залевањето се прави веднаш по…